Top Sport

Евра: На црните фудбалери во репрезентација ни праќаа пакети со го.на

Сега веќе екс-францускиот фудбалер, Патрис Евра кој од 2004 до 2015 година за Франција настапи на 81 меч откри дека расизмот е длабоко вкоренет во селекцијата на „триколорите“.

„Морам да му одговорам на претседателот на фудбалскиот сојуз, Ноел ле Грет кој пред неколку дена изјави дека во францускиот фудбал нема расизам. Има, и тоа многу. Сакам со јавноста да го споделам она што се случува во Шато, збиралиштето на нашата селекција. Знаете колку расистички писма добиваме таму? Имаше едно кое беше адресирано до селекторот Дешамп, пишуваше `Диди, земи ги твоите мајмуни и оди во Африка`. Знаете колку такви писма добиваат црните фудбалери во репрезентацијата, но тие писма се кријат. Знаете ли дека сме добивале пакети со го.на“ – вели Евра во видео на Инстаграм.

Тој детално ја опиша ситуацијата со расизмот внатре, во француската репрезентација.

„Кога во посета на репрезентацијата ќе дојде претседателот на државата или некој високорангиран политичар, се знае што следува. Сите во репрезентацијата имаме обележано место каде може да седиме. Еднаш седев на моето место, па ме преместија на крајот на масата, каде седеа `црните` Сако и Сања. Тоа го направија за претседателот на државата, кој ни беше во посета да биде опкружен со белци, со Лорис и Кошчиелни“ вели Евра.

Scroll to Top