Еден од луѓето кои секако сакаа да ѝ го „видат грбот“ на 2017 година беше Патрис Евра, по скандалозната пресметка со навивачот, отпуштањето од Марсеј и суспензијата од УЕФА која ја доби.
Но, францускиот ветеран не дозволи тоа да му попречи да ја пречека 2018 со голем оптимизам и со оригинален пост на Инстаграм.
„Живејте во сегашноста како да ви е последниот ден. Ако мислите на минатото ќе живеете со каење, ако мислите за иднината ќе живеете со нервоза, и затоа живејте го животот, а не само постоете. Господ има план за сите нас. Среќна Нова Година“, напиша Евра, додека на видеото се гледа тој во розев костум со Едит Пјаф во позадината. Уникатно, нема што!