Патрис Евра вети дека ќе се врати „многу посилен“ по тренингот во Дубаи со своето теренско возило по отпуштањето од Марсеј.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, беше отпуштен од тимот на Олимпик Марсеј за ударот во глава со нога на еден навивач на францускиот тим пред стартот на мечот од Лигата на Европа против Виторија во Гимараеш, Португалија. УЕФА дополнително го суспендираше Евра до јуни 2018 година.
Во видеото на Инстаграм, се појавува Џип кој вози споро со човек на покривот, по што се открива дека Евра сам го влече возилото.
„Се чувствувам благословен, среќен понеделник на сите, не бидете мрзеливи. Зошто мора да се грижите кога ја имате поддршката и силата од толку луѓе. Ви благодарам на сите. Само позитивна енергија“, вели Евра.
Тој во Дубаи тренира со Коуч Меди, славниот личен тренер кој работеше во минатото и со Франк Лампард и Златан Ибрахимовиќ.