Top Sport

Евра во 20-минутен напад на Јунајтед: Ја уништуваат репутацијата на големиот клуб

Легендата на Манчестер јунајтед, Патрис Евра во 20-минутен монолог на својот Инстаграм профил влезе во остар напад на водството на поранешниот клуб, бидејќи се уништува репутацијата која „ѓаволите“ еднаш ја имаа.

Французинот ги издвои потпретседателот на клубот Ед Вудворд, одговорниот за трансфери, Мет Џаџ, но и своите поранешни соиграчи на кои им е „страв да зборуваат“ за тоа што се случува на „Олд Трафорд“.  39-годишниот Евра, инаку познат по своите бизарни и смешни постови на Инстаграм, овојпат почнува со извинување дека не може да биде среќен бидејќи е тажен, уморен и повреден од Јунајтед.

„Ако имам проблем со Ед Вудворд, нема да го кажам тоа на социјалните мрежи туку ќе му се јавам и ќе се сретнам со него. Единствен проблем кој го имам со него е тоа што верува на луѓе на кои не требаше да им верува. Пред нас, Боби Чарлтон, Џорџ Бест ја направија историјата на клубот. Нашата генерација од 1999 и 2008 само ја продолжи таа историја, а сега некои сакаат репутацијата да пропадне. Зошто? За бизнис? Кога сакаме фудбалер и тој чини 20 милиони фунти, на крајот го купуваме за 100 милиони фунти. Сега, ниту за пари не сакаат да доаѓаат во Јунајтед. Мора да престанат да бидат арогантни. Има луѓе во клубот кои не го почитуваат ниту Сер Алекс Фергусон. Тогаш, со Ферги и Дејвид Гил, немаше ништо но весниците, но доаѓаа, Ван Перси, Евра, Видиќ, Фердинанд…“, вели меѓу другото Евра.

Тој вели дека нападот не е поради одмазда, туку поради љубовта кон клубот.

„Го сакам овој клуб и можеби еден ден ќе работам за него, но ќе работам со лојалност и никогаш нема да лажам некого кој го сака клубот. Знам дека на некои луѓе им е страв да зборуваат бидејќи нема да добијат работа од клубот во иднина, но не ми е грижа. Мене не ми е потребен Манчестер јунајтед, јас го сакам Манчестер јунајтед“, вели Евра.

 

View this post on Instagram

 

#ilovethisgame #positive4evra #love #united #respect #frustration

A post shared by Patrice Evra (@patrice.evra) on

Scroll to Top