Top Sport

Евро 2020: Полјаците на „колена“ пред Словенците, Холанѓаните триумфално во Германија (видео)

Репрезентацијата на Словенија го направи најголемото изненадување во квалификациите за Европско првенство во 2020, откако во меч од групата во која е и Македонија, со 2:0 ја победија фаворизираната Полска на „Стожице“ во Љубљана. Големото соседско дерби пак, помеѓу Германија и Холандија донесе шест гола и победа на „лалињата“ во Хамбург од 2:4.

Аљаж Струна во 35. минута и Андраж Шпорар во 65. минута постигнаа голови за „змајчеки“ да не прескокнат на табелата и да ја искомпликуваат борбата за пласман, откако Австрија немаше мака со нашиот следен противник, Летонија, стигнувајќи до победа од 5:0.

Холандија пак, стигна до драматична 3:2 победа на гостувањето кај Германците одмаздувајќи се за идентичниот 3:2 пораз на домашен терен во претходниот дуел на двете репрезентации. Гнабри уште во деветтата минута ги донесе „панцерите“ во водство, но Холанѓаните направија пресврт во второто полувреме и со голот на Френки де Јонг и автоголот на Џонатан Тах поведоа со 2:1.

Во 73. минута, Германија доби пенал и преку Тони Крос израмни на 2:2, но само шест минути подоцна фудбалерот на ПСВ, Доњел Мален по асистенција на Вајналдум ги замолче навивачите на „Фолскпаркстадион“, пред Вајналдум во 91. минута да стави точка на мечот. Иронично во групата Ц, на првото место останува Северна Ирска со 12 поени, Германците имаат 9, а Холанѓаните 6 поени.

Светските вице-шампиони Хрватите полека се враќаат во форма откако со 4:0 успеаја да слават на гостувањето во Словачка со головите на Влашиќ, Перишиќ, Петковиќ и Ловрен.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ц

Естонија – Белорусија 1:2

Германија – Холандија 2:4

Табела:  1.Северна Ирска 12, 2.Германија 9, 3.Холандија 6, 4.Белорусија 3, 5.Естонија 0

ГРУПА Д

Австрија – Летонија 6:0

Словенија – Полска 2:0

Табела: 1.Полска 12, 2.Австрија 9, 3.Словенија 8, 4.Израел 8, 5.Македонија 5, 6.Летонија 0

ГРУПА Е

Словачка – Хрватска 0:4

Велс – Азербејџан 2:1

Табела: 1.Унгарија  9, 2.Хрватска 9, 3.Велс 6, 4.Словачка 6, 5.Азербејџан 0

ГРУПА И

Кипар – Казахстан 1:1

Сан Марино – Белгија 0:4

Шкотска – Русија 1:2

Табела: 1.Белгија 15, 2.Русија 12, 3.Казахстан 7, 4.Шкотска 6, 5.Кипар 4, 6.Сан Марино 0

Scroll to Top