Top Sport

Евро 2020: Турците ги „покосија“ светските шампиони, некои нови „аѕури“ (видео)

Турција со 2:0 ја совлада Франција, нанесувајќи им го на актуелниот светски шампион првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2020 година во Коња.

Иако во полн состав, Французите беа шокирани во 10 минути во првото полувреме – прво Ајхан во 30-тата минута погоди за 1:0, а во 40-тата минута Ченгиз Ундер ги постави конечните 2:0 за да ја крене Турција на првото место во групата Х.

На „Спирос Луис“ во Атина пак, Италија стигна до импресивна 3:0 победа над Грција, благодарение на трите брзи голови во првото полувреме. Барела во 23-тата, Инсиење во 30-тата и Бонучи во 33-тата минута беа стрелци за селекцијата на Роберто Манчини, кои остануваат лидери во групата Ј со три победи во три меча.

Рутински победи остварија и фаворизираните Германци и Белгијци. Германија со 2:0 во Борисов ја совлада Белорусија со головите на Лирој Сане и Марко Ројс, додека Белгија дома со 3:0 го помина Казахстан.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ц

Белорусија – Германија 0:2

Табела: 1.Северна Ирска 9, 2.Германија 6, 3.Холандија 3, 4.Естонија 0, 5.Белорусија 0

ГРУПА Х

Турција – Франција 2:0

Табела: 1.Турција 9, 2.Франција 6, 3.Исланд 6, 4.Албанија 3, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0

ГРУПА И

Белгија – Казахстан 3:0

Шкотска – Кипар 2:1

Табела: 1.Белгија 9, 2.Русија 6, 3.Шкотска 6, 4.Казахстан 3, 5.Кипар 4, 6.Сан Марино 0

ГРУПА Ј

Грција – Италија 0:3

Табела: 1.Италија 9, 2.Финска 6, 3.Грција 4, 4.БиХ 4, 5.Ерменија 3, 6.Лихтенштајн 0

Scroll to Top