Top Sport

Евро 2020: Украинската „машина“ ја понижи Србија, Црна Гора и Косово со поделба на поените (видео)

Украина под водство на селекторот Андриј Шевченко ја презеде контролата на групата Б во квалификациите за Евро 2020, откако во Лвив со 5:0 ја декласираа Србија за импресивна победа.

Фудбалерот на Динамо Киев, Виктор Циганков постигна два гола за две минути во првото полувреме за водство на Украина, пред Евген Конопљанка со два гола и Роман Јаремчук да ја довршат работата и да го пратат тимот на селекторот Младен Крстајиќ дома со понижувачки резултат.

Во дуелот на двете соседски земји, Црна Гора и Косово, кој предизвика многу проблеми и пред стартот по одбивањето на дел од фудбалерите на домаќините и на селекторот Љубиша Тумбаковиќ да играат против Косово, на крајот се заврши со поделба на поените, иако гостите можат да жалат што не стигнаа до трите поени.

Рашица им донесе на Косово водство уште во 15. минута, по што имаа и неколку стоотстотн шанси, пред Мугоша во 69. минута да извлече 1:1 реми.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А

Црна Гора – Косово 1:1

Чешка – Бугарија 2:1

Табела: 1.Англија 6, 2.Бугарија 2, 3.Чешка 3, 3.Косово 2, 4.Црна Гора 2

ГРУПА Б

Литванија – Луксембург 1:1

Украина – Србија 5:0

Табела: 1.Украина 7, 3.Луксембург 4, 3.Португалија 2, 4.Србија 1, 5.Литванија 1

ГРУПА Д

Грузија – Гибралтар 3:0

Данска – Ирска 1:1

Табела: 1.Ирска 7, 2.Швајцарија 4, 3.Грузија 3, 4.Данска 2, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Фарски Острови – Шпанија 1:4

Шведска – Малта 3:0

Норвешка – Романија 2:2

Табела: 1.Шпанија 9, 2.Шведска 7, 3.Романија 4, 4.Малта 3, 5.Норвешка 2, 6.Фарски Острови 0

Scroll to Top