Top Sport

Евро-гол на Тилеманс, Лестер победија кај Евертон

Фудбалерите на Лестер, како гости, го победија Евертон со 2:0, во 14. коло од Премиер лигата.

Стрелци за Лестер беа Јури Тилеманс во 45. и Харисон Барнс во 86. минута. Асистент за двата гола беше Џејмс Медисон.

Ова е трета победа за Лестер во последните четири натпревари, што е најдобар доказ дека тимот на Брендан Роџерс излезе од кризата.

Лестер сега се 13. на табелата со 14 освоени бодови, ист број на бодови има и Евертон.

Scroll to Top