Top Sport

Европска селекција ќе игра на Копа Америка

Британски „Атлетик“, објави интересна вест дека една европска репрезентација во иднина ќе настапува на Копа Америка. Се знае и за која репрезентација станува збор (Израел), иако и терминот „европски“ е условен.

Во принцип, тоа е азиска земја, која поради политички околности е членка на УЕФА и учествува на натпревари под нејзино покровителство од 1994 година. Оттогаш оваа селекција никогаш не учествувала на европски или светски првенства.

Меѓу другото, и поради ова, фудбалскиот сојуз на оваа земја дошол на идеја како да ја „натераат“ својата репрезентација да се појави на едно големо натпреварување. Израелците веќе потпишаа договор со КОНМЕБОЛ (Јужноамериканска фудбалска конфедерација).

„Горди сме што му се придружуваме на големото семејство КОНМЕБОЛ, кое ги вклучува светскиот првак Аргентина и петкратниот светски шампион Бразил“, се вели во изјавата за „Атлетик“ од израелскиот фудбалски сојуз „ИФА“.

Во меѓувреме се појави и видео од потпишувањето на договорот. Овогодинешната Копа Америка ќе започне на 20 јуни, а на неа ќе учествуваат селекции од конфедерациите КОНМЕБОЛ и КОНКАКАФ, односно екипи од Јужна Америка, како и од Северна, Централна Америка и Карибите.

Турнирот ќе се одржи во САД, а познато е дека годинава Израел нема да биде учесник. Следното издание на Копа Америка е закажано за 2028 година, тогаш на ждрепката би можело да има и топче со името на Израел.

Scroll to Top