Top Sport

Европската комисија може да ја испитува сопственоста на Манчестер сити и Њукасл

И покрај тоа што Велика Британија веќе не е член на Европската Унија, Манчестер сити и Њукасл се соочуваат со истрага на Европската комисија (ЕК) поради прекршување на новите правила околу „државните субвенции“ кои влијаат на конкуренцијата, тврди „Дејли мејл“.

Манчестер сити постојано инсистираат дека клубот е лична инвестиција на шеикот Мансур, кој е член на владеачкото семејство на Абу Даби и во исто време е заменик премиер на Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), кои поседуваат 80 отсто од Њукасл, се предводени од Мохамед бин Салах, принцот на Саудиска Арабија, но и тие тврдат дека се работи за независно тело од владата на оваа земја.

Иако Британија не е дел од ЕУ, за премиерлигашките клубови вредат новите регулативи за странски инвестиции кои стапија на сила во јануари. Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас е еден од најгласните критичари на „државните фудбалски клубови“ како Сити, Њукасл и Пари Сен-Жермен и неодамна потврди дека поднел жалба до Европската комисија.

Scroll to Top