Top Sport

Гендузи на чекор до Лацио

Лацио ги договориле условите за трансфер на Матео Гендузи од Олимпик Марсеј и се на чекор од комплетирање на трансферот, тврди „Скај спорт Италија“.

Маурицио Сари веќе доби шест нови играчи ова лето во обид да се подобри неочекуваното второ место во Серија А минатата сезона, а сега се подготвени да го пречекаат и 24-годишниот Гендузи, кој ја врати својата кариера на вистински пат на „Велодром“ откако беше „избркан“ од Арсенал.

„Бјанкочелестите“ ќе платат 13 милиони евра плус лесно достапни бонуси од 5 милиони евра за францускииот репрезентативец.

Scroll to Top