Европската Унија го искажа својот став за проблематичниот случај со формирање на т.н. Европска Суперлига. Одлуката не е обврзувачка, но вели дека иако Суперлигата е слободна да создаде сопствено натпреварување, таа не може да продолжи да биде дел од оние на ФИФА и УЕФА без претходно овластување од двете унии.
„Додека Европската Суперлига како компанија е слободна да создава сопствено независно фудбалско натпреварување надвор од еко-системот на УЕФА и ФИФА, истовремено по создавањето на тоа натпреварување не може да продолжи да учествува во фудбалски натпревари организирани од ФИФА и УЕФА без претходно овластување од овие федерации“, велат од ЕУ.
Мислењето на генералниот советник доделен во овој случај, Атанасиос Рантос, не е обврзувачко, но Судот на правдата на Европската унија проценува дека неговите судии ја следат линијата на овие претходни мислења во приближно 80% од случаите. Треба да биде утврдено дали ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата доминантна позиција во европските фудбалски натпреварувања со блокирање на создавање на алтернативен турнир.