Top Sport

Европски великани во трка за потписот на Олмо

Барселона доби жестока конкуренција во трката за потписот на Дани Олмо. Барселона, во финишот на преодниот рок, кога Гризман си замина од клубот, се обиде да го врати Олмо, трансферот пропадна бидејќи Лајпциг немаа време да најдат замена за шпанскиот репрезентативец.

Барселона не се откажува од Олмо, Џоан Лапорта, најави дека ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок. Сумата за која Олмо може да го напушти Лајпциг изнесува 75 милиони евра.

И покрај сите финансиски проблеми, Барслеона најде пари да го реалзириа овој трансфер, но во меѓувреме доби жестока конкуренција.

Баерн Минхен и Јувентус не го кријат интересот за Шпанецот, а според англиските медиуми во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и Манчестер јунајтед.

Олмо, во јануари 2020 година, од Динамо се пресели во Лајпциг за 22 милиони евра. Динамо ќе добие и 20 отсто од наредниот негов трансфер.

Scroll to Top