Top Sport

Европските фудбалски ѕвезди блеснаа во Кина (видео)

Стефан Ел Шарави постигна два гола за 3:2 победа на неговиот нов клуб Шангај Шенхуа над Далијан во Купот на Кина, покажувајќи дека ја заслужува астрономската плата која ја заработува во кинескиот фудбал.

Ел Шарави постигна два гола со лоб-удар во 22. минута и во 41. минута, додека третиот гол за Шангај го постигна Морено. Уште еден фудбалер кој се пресели во Кина од Серија А постигна гол, откако Марек Хамшик ги донесе во водство Далијан.

Во второто полуфинале, Шандонг Луненг го совлада Шангај СИПГ со 2:0, а гол за победниците постигна поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини.

Scroll to Top