Голем интерес за дефанзивецот на Аталанта Џорџо Скалвини (19) покажаа европските фудбалски гиганти Манчестер сити, Баерн, Јувентус и Интер.
Според италијанските медиуми, Аталанта нема да го пушти младиот дефанзивец за помалку од 50 милиони евра. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.
Скалвини е продукт на школата на Аталанта и има договор до 2027 година. За тимот од Бергамо досега забележа 58 настапи и постигна три гола. Ги помина сите младински катагории во италијанската репрезентација, а за сениорскиот има одиграно седум натпревари.
Минатото лето ПСЖ и Интер се обидоа да го ангажираат, но Аталанта не сакаше да го продаде. Аталанта моментално е на шестото место во Серија А со 13 бодови, осум помалку од водечкиот Милан.
Скалвини оваа сезона забележа десет настапи и постигна еден гол.
Foto/ EPA