Top Sport

Европското првенство заврши за Дин Хендерсон

Голманот на англиската репрезентација, Дин Хендерсон, се повлече од Европското првенство поради повреда на колкот.

Хендерсон, не беше во тимот на Англија во првото коло против Хрватска. Од репрезентацијата тогаш соопштија дека мора да бидат внимателни со неговата повреда.

Вчера, голманот на Манчестер јунајтед, тренирал одвоено од тимот, по што стручниот штаб решил дека за него е најдобро да се врати во Манчестер и да ја продолжи рехабилитацијата.

„Арон Ремсдејл го замени Дин Хендерсон во репрезентацијата. Поради проблеми со колкот, Хендерсон го напушти тимот. Според правилата на УЕФА, репрезентациите можат да ги заменат голманите, во било која фаза од првенството“, стои во соопштението што го објави Фудбалската асоцијација на Англија.

Англија, во првото коло ја победи Хрватска со 1:0, во второто коло од 21 часот ќе играат против Шкотска.

Scroll to Top