Top Sport

Езил е пречкртан во Арсенал

Месут Езил шест месеци нема одиграно натпревар за Арсенал, а како стојат работите сезоната ќе ја гледа од клупата за резерви или од трибините.

Менаџерот Микел Артета со последниот потег покажа дека дефинитивно го отпишал играчот со најголема плата во клубот. Арсенал поранешниот германски репрезентативец неделно го плаќа 350.000 фунти.

Арсенал се обидоа во летниот преоден рок да постигнат договор со Езил тој да го напушти клубот, откако не се договорија клубот го стави на „црната листа“.

Артета не го стави на спискот на играчи кои сезонава ќе играат во Лига Европа, а извесно е дека нема да добие шанса ниту во Премиер лигата.

Договорот на Езил со Арсенал истекува наредното лето кога тој ќе може без обесштетување да го напушти клубот.

Scroll to Top