Top Sport

Србите со Божја помош ќе се одбранат од Халанд

Норвешка и Србија вечерва во Осло ќе го одиграат полу-финалниот бараж за пласман на Европското првенство.

Најголема закана по голот на Србија ќе претставува Ерлин Халанд напаѓачот на Борусија Дортмунд.

Српскиот селектор Љубиша Тумбаковиќ се надева дека дополнителна помош ќе се одбранат од 20 годишниот напаѓач.

„Верувам во Бога и Бог ќе ни помогне да го запреме Халанд“, порачал Тумбаковиќ.

Натпреварот во Осло ќе започне во 20:45 часот.

Scroll to Top