Top Sport

Езил не требаше да игра, тој е виновен за елиминацијата на Арсенал

Некогашниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Кион, смета дека Мезут Езил е виновникот што неговиот тим не успеа да се пласира во финалето, во Лига Европа. Арсенал, синоќа во Мадрид, доживеа елиминација во полу-финалето од Атлетико. Дуелот во Мадрид заврши со победа на Атлетико 1:0. „Јорганџиите“ со вкупен резултат 2:1 се пласираа во финалето.

Со елиминацијата во полу-финалето Арсенал остана и без последната шанса наредната сезона да игра во Лигата на шампионите. Тимот на Арсен Венгер, во реваншот, беше целосно безопасен и стерилен. Играчите на Арсенал за 90 минути игра упатија само еден удар што одеше во рамките на голот на Атлетико.

„Ова не беше добар натпревар за Езил. Не даде се од себе. Постои нешто под површината и некој друг можеби ќе најде начин како тој да игра подобро. Дали тоа ќе го најде новиот менаџер не знам, но тоа е голем проблем за Арсенал. Арсен Венгер инвестираше многу пари во него, а не гледаме дека тој ја исплаќа инвестицијата“, рекол Кион.

„Не требаше да го облече дресот вечерва. Премногу пати сум го видел ова од него во текот на сезоната. Некој мораше ова да го каже бидејќи сите од Месут очекуваме многу повеќе. Тој е светски првак и тие негови „крокодилски солзи“ мене нема да ме излажат“, дополнил Кион.

Инаку, зборовите на својот поранешен дефанзивец ги коментирал и менаџерот Венгер. Според него Арсенал изгубил како тим, а не поради тоа што еден играч одиграч лошо.

Scroll to Top