Top Sport

Салцбург елиминиран со гол постигнат од непостоен корнер (Видео)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј, со голот на Роландо во 116.минута, изборија пласман во финалето во Лига Европа. На голот му претходеше неверојатна грешка на судиите од Русија.

Главниот судија Сергеј карашев и неговите помошници не забележаа дека топката по ударот на Ангуиса од 22-23 метри од неговиот соиграч Окампос заврши надвор од теренот.

Карашев му додели корнер на Марсеј, а по центаршутот на Паје, Роландо го постигна решавашкиот гол на натпреварот.

Рускиот судија во финишот на регуларниот дел пропушти да досуди пенал за францускиот тим.

Scroll to Top