Top Sport

Езил немал намера да си оди од Арсенал

Месут Езил немал намера да го напушти Арсенал иако сезонава речиси и да не игра кај тренерот Унаи Емери. Поранешниот германски репрезентативец од почетокот на сезоната одиграл вкупно 142 минути во сите натпреварувања.

„Делува разочарувачки, но како професионалец ги почитувам одлуките на тренерот“, рекол Езил и продолжил.

„Се чувствувам бескорисно поради фактот што не играм и што натпреварите некогаш ги гледам дома. Сакам да бидам дел од тимот. Подготвен сум да играм. Играв кај најдобрите тренери во светот Венгер, Мурињо, Лев. Сите сум ги почитувал. Истото важи и за Емери“.

Езил веќе подолго време се поврзува со заминување од „Емирејтс“, меѓутоа играчот со најголема плата во Арсенал ги негира таквите шпекулации.

„Имам договор до 2021 година и дотогаш ќе бидам тука. Внимателно размислив. Можебо во моментов минувам низ тежок период, но тоа не е причината да избегам“, заклучил Езил.

Арсенал по осум кола во Премиер лигата се наоѓаат на третото место со 15 бода. Во наредното коло Арсенал ќе играат против Шефилд Јунајтед.

Scroll to Top