Top Sport

„Таа е како Карловиќ со големи гради“

Кристијан Захалка, тренер на јапонската тенисерка Мисаки Дои, бил изложен на жестоки критики поради неумесните коментари што ги упатил кон Германката Јулија Гергес.

Дои и Гергес се сретнале на турнирот во Луксембург, победила Германката со 5/7, 6/1, 6/3. По мечот најмногу се говорело за коментарот на тренерот Захалка. Во првиот сет при резултат 5/4 тој слегол на теренот за да и подели совети на Дои.

Разговарале за сервисот што го има Гергес, а тогаш микрофонот ги „уловил“ неговите збориви.

„Знаеш, тоа е како кога играш против Иво Карловиќ со големи гради“.

Карловиќ е еден од најдобрите сервери во светот, а добар почетен удар има и Гергес. На мечот со Дои Германката „испукала“ 21 ас сервиси.

Scroll to Top