Играчот на Арсенал, Месут Езил, се наоѓа пред трансфер во Италија. Играчот о највисока плата во Арсенал речиси и да не доби шанса за настап оваа сезона. Арсенал на сите начини се обидува да се ослободи од неговата висока плата од 400.000 евра неделно.
Најмногу интерес за Езил покажууваат клубови од Италија, Интер и Милан. Проблем за двата клуба би можел да претставува играчот доколку инсистира на истите примања.
Според шпекулациите во предност за потписот на Езил е Милан каде извршен директор е Иван Газдис кој беше на истата функција во Арсенал, кога поранешниот германски репрезентативец се пресели во Лондон.
Од друга страна Антонио Конте се надева дека може да го врати во вистинска форма, исто како што тоа го прави со Алексис Санчез.