Top Sport

ФА го гони менаџерот на Кардиф

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покренала постапка против менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок, поради начинот на кој го коментирал судењето во Премиер лигата. По поразот од Челси (1:2) на 31 март, 70-годишниот тренер реко, дека „англиските судии се најлоши во целиот свет“.

Гневот на Ворнок го предизвика лошата судиска одлука во 84 минута, кога Челси израмнија од очигледен офсајд.

„Не е наша грешка што судиите не ги гледаат работите. Она беше очигледен офсајд и пеналот за нас беше чист. Што ми минува низ главата во овој момент? Некој можеби сака да ми се одмазди. Не знам. Имаме најдобра лига и најлоши судии во светот. На ова ниво не смее да има вакви грешки“, рекол тогаш Ворнок.

Менаџерот на Кардиф има право на жалба до вторник.

Scroll to Top