Top Sport

Васовски: Мора да ги користиме шансите против Шкендија

Вардар и Шкендија, в недела во рамките од 28. коло од Првата македонска лига ќе го одиграат последното дерби оваа сезона.

„Црвено-црните“ на стадионот „Борис Трајковски“ ќе го одиграат овој натпревар, и се надеваат дека ќе стигнат до првата победа над својот конкурент во сезонава.

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски, за клупската интернет страница проговорил за неделното дерби.

„Последен дерби натпревар за оваа сезона, ние сакаме да ја оствариме првата победа и мислиме на тоа. Мотивирани сме да дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Нема да се навраќаме на она што се случуваше во изминатите два меѓусебни натпревари, туку ќе мислиме само на недела“, рече Васоски кој истакна дека за добар резултат мора да се искористи секоја шанса.

„Ако против Академија Пандев имавме многу шанси кои не ги искористивме, и со тоа не дојдовме до победа, тогаш на овој натпревар ќе треба да се користи секоја шанса која ќе ни се пружи. Очекувам момците да го дадат максимумот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа“, дополни шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“.

Во пресрет на дербито Шкендија има 62 бода на челната позиција, Вардар се втори со 12 бода помалку.

извор/fkvardar.mk

Scroll to Top