Top Sport

ФА куп драма: Брајтон со неверојатен кам-бек до пенал-победа (видео)

Брајтон хоув енд албион се пласираа во полуфиналето на англискиот ФА куп, откако во драматичен меч прво се вратија од 2:0 негатива на гости кај второлигашот Милвол, за потоа да триумфираат по пенал-серијата.

Милвол, кои претходно елиминираа пет премиерлигаши на патот до четврт-финалето, поведоа со головите на Алекс Пирс и Ајден О’Брајан, но прво Јирген Локадија намалин а 2:1, пред Соли Марч да израмни во 95. минута по ужасната грешка на голманот Дејвид Мартин.

Во продолжението, Шејн Фергусон од Милвол доби црвен картон, по што во пенал-серијата Џејк Купер утна за да им даде на Брајтон 5:4 победа.

Покрај Брајтон, за титулата во најстарото клупско натпреварување на светот ќе се борат Ватфорд, Вулверхемптон и апсолутниот фаворит Манчестер сити. Ждрепката беше направена веднаш и Брајтон по драматичната победа добива пресметка со англискиот шампион Сити, додека Ватфорд игра со Вулверхемптон. Двата меча, веќе традиционално, се играат на „Вембли“.

Scroll to Top