Top Sport

Младиот Бернал триумфираше на Париз-Ница

Младиот колумбиски велосипедист на Тим Скај, Еган Бернал е победник на еднонеделната „трка кон сонцето“ Париз-Ница, освојувајќи ја најпрестижната победа во својата кратка кариера откако ги издржа нападите од својот сонародник Наиро Квинтана во последната етапа во неделата.

Квинтана заврши на второто место, откако Шпанецот Јон Изагире победи на осмата етапа на „Променад де Енгле“ во Ница. 22-годишниот Бернал стана лидер на трката во саботата, кога победи на искачувањето Кол де Турини,  и тој имаше 39 секунди предност пред Квинтана. Михал Квјатковски, исто така од Тим Скај, го комплетираше подиумот.

Ова е шеста победа во последните седум години за Тим Скај на Париз-Ница, една од подготовителните трки за првата голема трка во 2019, Џиро Д’Италија.

Scroll to Top