Top Sport

ФА куп: „Топчиите“ по продолженија го прескокнаа Њукасл

Фудбалерите на Арсенал се пласираа во четвртата рунда на англискиот ФА куп откако денеска потешко од очекувањата, по продолженија славеа со 2-0 против Њукасл.

Екипата на Микел Артета поведе со голот во 109 минута, стрелец Емил Смит-Роу на асистенција на Лаказет. Конечниот резултат беше дело на Обамејанг во 117 минута.

Ова се дел од денешните резултати во 3. коло:

Блекбурн – Донкастер 0-1
Блекпул – ВБА 3-2 (на пенали)
Бристол Роверс – Шефилд Јунајтед 2-3
Барнли – Милтон Кејнс 4-3 (на пенали)
Ексетер – Шефилд Венздеј 0-2
Стоук – Лестер 0-4
Олдхам – Борнмут 1-4
КПР – Фулам 0-2 (по продолженија)
Стивенејџ – Свонси 0-2
Викомб – Престон 4-1
Брентфорд – Мидлсборо 2-1
Хадерсфилд – Плимут 2-3

Scroll to Top