Top Sport

ФА куп: Ватфорд пропушти 3:0 водство, Астон вила и Брајтон во аут (видео)

Од четирите премиерлигашки клубови кои беа во акција во третото коло во ФА купот, само Саутемптон успеа да се пласира во четвртото коло – Астон вила и Брајтон испаднаа, додека Ватфорд и покрај тоа што водеше со 3:0 ќе мора да игра повторен меч.

Саутемптон со 2:0 ги совладаа Хадерсфилд за лесна победа, но Брајтон дома загуби со 0:1 од Шефилд венсдеј, додека Фулам со 2:1 ја совлада Астон вила.

Ватфорд го одигра најинтересниот меч, откако по само 34 минути игра имаше 3:0 против третолигашот Транмир роверс, кои сепак во последните пет минути израмнија за да примораат повторен меч.

ФА КУП, 3.КОЛО

Брентфорд – Стоук 1:0

Брајтон – Шефилд венсдеј 0:1

Кардиф – Карлајл 2:2

Фулам – Астон вила 2:1

Оксфорд јунајтед – Хартлпул 4:1

Престон – Норич 2:4

Рединг – Блекпул 2:2

Саутемптон – Хадерсфилд 2:0

Ватфорд – Транмир 3:3

ВАТФОРД – ТРАНМИР

ФУЛАМ – АСТОН ВИЛА

Scroll to Top