Top Sport

Варан им донесе победа на „кралевите“ за прво место (видео)

Рафаел Варан постигна два гола (иако едниот беше забележан како автогол на домашните фудбалери) за Реал Мадрид да стигне до 3:0 победа на тешкото гостување кај цврстите Хетафе за преземање на првото место на табелата со поен пред Барселона (барем до вечерашното каталонско дерби со Еспањол).

Резултатот беше отворен во 34. минута, кога по едно нафрлање, Варан скокна највисоко, и топката од него заврши во голманот Давид Сорија и во голот. Физичката игра на Хетафе не вроди со плод и во 53. минута во една слична ситуација, Французинот Варан скокна највисоко и зголеми на 2:0. Овојпат немаше сомнеж дека голот е негов, што беше потврдено со ВАР системот. Конечните 3:0 ги постави Лука Модриќ во 96. минута од мечот.

Со победата, Реал се први на табелата во Ла лига со 40 поени, еден повеќе од Барселона, додека Хетафе се седми со 30 поени.

Scroll to Top