Top Sport

Фабијан Шер три години во Њукасл

Швајцарскиот репрезентативец Фабијан Шер ги засили редовите на Њукасл јунајтед, а клубот потврди дека договорил соработка и со Јапонецот, Јошинори Муто.

Шер, со тимот што го предводи Рафаел Бенитез, договорил три годишна соработка. Швајцарецот минатата сезона играше во Ла Лига, во Депортиво Ла Коруња.

Јапонецот, Муто, во Њукасл доаѓа од Бундеслигата, од тимот на Мајнц. Германскиот тим од трансферот на јапонскиот фудбалер ќе заработи 10 милиони евра.

Scroll to Top