Фаворитот Ливерпул се разбуди во второто полувреме. По двата примени гола во првиот дел, менаџерот Јирген Клоп го уфрли Луис Дијаз во игра, а тоа донесе и брзи два гола за „црвените“.
Фабињо во 62.минута успеа да намали, со шут откосо од десната страна, а топката мина низ нозете на Рули.
Само пет минути подоцна, Луис Дијаз со удар со глава уште еднаш ја затресе мрежата на Вилјареал за 2:2, или вкупно, предност од 4:2 за Ливерпул.