Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Фабињо е отстранет од бразилската репрезентација за квалификациите за СП Катар 2022 следниот месец, зголемувајќи ги дефанзивните главоболки на Јирген Клоп.
Сестраниот 27-годишен Бразилец се повреди при победата на Ливерпул против Митјиланд во ЛШ, и сега селекторот Тите потврди дека тој има мускулна повреда на десниот бут и замена со Алан од Евертон.
Вирџил ван Дајк најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната по повредата на коленото во мечот со Евертон, додека Жоел Матип исто така има повреда, така што отсуството на Фабињо би претставувало вистински проблем за Клоп.
Бразил игра со Венецуела на 13 ноември и Уругвај на 17 ноември, така што Фабињо речиси сигурно нема да игра на мечевите пред интернационалната пауза за Ливерпул – дуелите со Вест хем и Манчестер сити и мечот од ЛШ против Аталанта.