Top Sport

Фабињо пропушта десет натпревари?

Фабињо, еден од клучните луѓе на Ливерпул во редот за врска го очекува подолга пауза. Бразилецот се повреди во раната фаза на натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите.

Ливерпул, два дена по мечот, се уште не соопштиле за каква повреда станува збор и колку долго Фабињо ќе биде отсутен од тимот.

Некои медиуми шпекулираат дека повредата не е наивна и дека Бразилецот би можел да биде на пауза помеѓу четири и шест недели.

Значи веројатно е дека Фабињо ќе го пропушти најтешкиот дел од сезоната, односно нема да игра на дури 10 натпревари.

Ливерпул во овој период ќе го игра клучниот натпревар во Салцбург за пласман во нокаут-рундата во Лигата на шампионите, а ќе настапи и на Светското првенство за клубови.

До крајот на оваа година „црвените“ во Премиер лигата ќе играат против Брајтон, Евертон, Борнмут, Вотфорд, Вест Хем и Лестер.

Scroll to Top