Top Sport

Фабио Канаваро ќе биде нов тренер на Караѓумрук

Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро ќе биде нов тренер на Караѓумрјук, тврдат турските медиуми.

Деталите се договорени на средбата меѓу претставници на турскиот клуб и италијанскиот стручњак, а официјалното потпишување на договорот ќе се случи во наредните денови.

Претходно тренер на турскиот тим беше уште еден Италијанец, Андреа Пирло. Тој го напушти клубот во мај, а од новата сезона ќе ја предводи Сампдорија.

Последната работа на Канаваро беше во тимот на Беневенто, кој го напушти во февруари оваа година. Претходно работеше со Гвангжу Евергранде, Ал-Наср, Тијанџин и со кинеската фудбалска репрезентација.

 

 

Scroll to Top