Top Sport

Надал „собира“ поени кај новата сопруга со подготвување ручек

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал ја користи принудната пауза од тенисот поради корона вирусот со добивање „поени“ кај својата нова сопруга – ги покажува своите квалитети како готвач.

Освојувачот на 19 гренд слем титули, со малку несредена брада, на социјалните мрежи во вторникот објави фотографија во која готви ручек за својата сопруга Чиска Перелјо, со која се венча по врска од повеќе од една деценија минатиот октомври.

„Денеска е време да готвам за мојата сопруга. Се надевам дека сте добро и дека се чувате дома. Ви праќам сила и многу охрабрување“, напиша Надал.

Scroll to Top