Top Sport

Фабрегас ќе игра во тимот што го тренира Анри

Сеск Фабрегас сигурно во актуелниот преоден рок ќе го напушти Челси. Прашањето е само каде 30-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата. Интерес за неговите услуги имало кај Милан и Манчестер сити, меѓутоа тој многумина ќе изненади со изборот на новиот тим.

„Лекип“, во средата, објави дека Фабрегас го договорил условите околу трансферот во Монако, каде тренер е неговиот поранешен соиграч од Арсенал и Барселона, Тиери Анри. Фабрегас со екипата од „малото кнежевство“ би требало да потпише две и пол годишен договор.

За трансферот на Фабрегас, Монако, треба да издвои околу 10 милиони евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');