Top Sport

Фабрегас-манија во Комо!

Бесплатниот трансфер на Цеск Фабрегас во италијанскиот второлигаш Комо беше едно од најголемите изненадувања ова лето, но пристигнувањето на 35-годишниот Шпанец очигледно доволно ги возбуди навивачите на малиот клуб, кои ги разграбаа билетите за првиот меч од сезоната против Каљари.

Фабрегас потпиша двегодишен договор со второлигашот, и воедно според италијанските медиуми стана акционер во клубот, и сега се продадени речиси сите билети на стадионот „Џузепе Синигаља“ со капацитет од 13.602 гледачи за мечот на 14 август.

Фантастичен знак за поддршка на клубот е тоа што повеќе од половина од продадените билети се сезонски билети.

Scroll to Top