Top Sport

Фабрегас пред збогување со англискиот фудбал: Можеби сум поспор, но техниката уште е тука

Цеск Фабрегас во саботата најверојатно се збогуваше со англискиот фудбал, бидејќи сите го очекуваат неговиот најавен трансфер во Монако, по што изјави дека никогаш не ги загубил техничките квалитети.

Фабрегас како капитен ги предводеше „сините“ до 2:0 победа над Нотингем форест во саботата, во емоционално збогување со „Стемфорд бриџ“ на крајот на натпреварот. Алваро Мората самиот потврди дека Фабрегас заминува, пишувајќи на Инстаграм дека сонародникот ќе му „недостига“, а Еден Азар изјави дека било чест да се игра покрај фудбалер од негов калибар.

Во Монако, 31-годишниот Фабрегас ќе се приклучи на својот поранешен колега Тјери Анри, кој од октомври е главен тренер на клубот кој ќе се бори за опстанок во Лига 1. Против Форест, Фабрегас утна пенал, но инсистира дека неговата техника е на место.

„Тоа е нешто што секогаш сум го имал, и расте со мене како што стареам. Тоа не заминува, бидејќи се работи за техника. Физички не сум истиот како претходно, не сум толку брз, но техниката останува мојата најсилна страна. Како вчера да почнав со фудбалот, а сега поминаа 15 години, затоа советот за младите фудбалери е да уживаат во секоја секунда. Во фудбалот треба да си подготвен секои три дена, да живееш со критики и затоа треба да се ужива“, изјави Фабрегас за веб-сајтот на Челси.

Scroll to Top