Поранешниот фудбалер на Барселона, Челси и Арсенал, Цеск Фабрегас ќе побара нов предизвик, откако Монако потврдија дека се разделуваат со Шпанецот по три и пол години.
35-годишниот Фабрегас имаше само шест настапи минатата сезона поради повреди, но и поради тоа што тренерите на клубот не сметаа на него. Тој вкупно имаше 68 настапи за Монако со 4 гола и 9 асистенции. По крајот на сезоната, тој изјави дека не размислува за фудбалска пензија.
„Сигурно е дека е завршено со Монако, бидејќи договорот ми завршува во јуни. Потребно ми е друго место, и сакам само да уживам. Ќе најдам нов проект и ќе видам каде ќе ме однесе животот“, изјави тогаш Фабрегас.
Merci @cesc4official ! ??
Le milieu de terrain aux plus de 830 matchs en carrière, dont le contrat arrive à son terme, quitte le club de la Principauté trois ans et demi après son arrivée.#GraciasCesc
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) June 18, 2022