Top Sport

Надал, очекувано, го „избриша подот“ и со Шаповалов

Рафаел Надал имаше нов фантастичен меч за да го совлада Денис Шаповалов со 6:4/6:1 и да се пласира во четврт-финалето на Мастерсот во Рим.

Иако неговата фантастична низа на победи заврши во Мадрид кога загуби од Доминик Тим, тоа не ја намали самодовербата на Надал, кој нема загубено сет на „Форо Италико“.

Против Шаповалов, тој прво направи брејк во седмиот гем, по што играта на неговиот канадски противник се „растури“ и со уште два брејка во вториот сет, Шпанецот ја заврши работата. Следен за Надал е Фабио Фоњини, кој сигурно ќе смета на гласната поддршка на домашната италијанска публика.

Фото: ЕПА

Scroll to Top