Еден од најупатените кога се работи за фудбалските трансфери, Фабриоцио Романо најавува дека еден од најголемите трансфери летово практично веќе е договорен.
Се работи за 21-годишниот англиски репрезентативец Џејдон Санчо, десното крило на Борусија Дортмунд. Тој според информаците по 4 сезони се враќа во Манчестер, ама не во клубот од кој замина за Германија, туку кај „црвените ѓаволи“.
Младиот фудбалер имаше одлична сезона – 16 постигнати и 20 наместени голови за „милионерите“.
Борусија го купи од Сити тогаш за 8 милиони евра, а сега Романо пишува дека германскиот клуб за него бара 95 милиони евра.
Јунајтед нудат 85 милиони евра, па не би требало да е проблем разликата од 10 милиони евра ако се пресметаат бонусите кои англискиот му ги нуди на германскиот клуб.