Top Sport

Фабрицио Романо: Челзи има нов тренер

Енцо Мареска (44) наскоро ќе го преземе Челзи, пренесува трансфер инсајдерот Фабрицио Романо. Мареска, пред две недели го врати Лестер во Премиер лигата, а Романо пренесува дека веќе ја прифатил понудата од „Стенфорд Бриџ“.

Италијанецот ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Остануваше уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето. Челзи сака Мареска да го преземе тимот уште оваа недела.

Ова е трета самостојна работа на Мареска на сениорско ниво, откако претходната сезона беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, каде придонесе за освојување на тројната круна.

Претходно раководеше со У-23 тимот на Сити, од кој замина во Парма, но таа епизода беше неуспешна, па набрзо повторно се врати во стручниот штаб на Гвардиола.

Како фудбалер кариерата ја градеше во ВБА, Јувентус, Болоња, Пјаченца, Фиорентина, Севилја, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и Верона. Тој се пензионираше пред шест години.

Scroll to Top