Top Sport

„Фабрицио Романо лаже, не одам во Ренџерс, тие се мал клуб“

Италијанецот Фабрицио Романо е сметан за вистински „експерт за трансфери“ со 14.7 милиони следбеници на Твитер и кога тој се јавува како извор за некои преговори и трансфери, дури и угледните светски медиуми го сметаат како доверлив извор. Но, не сите. Хозе Сифуентес, еквадорскиот фудбалер на Лос Анџелес ФЦ е еден од нив.

Откако Романо јави дека неговите претставници го финализираат трансферот во шкотскиот Глазгов Ренџерс, 24-годишниот фудбалер излезе со интересна контра на социјалните мрежи.

„Лажни вести. Фабрицио лаже, јас сум среќен во Америка. Ренџерс се мал клуб“, напиша Сифуентес.

Сифуентес премина во ЛАФЦ од Универзидад Католика во 2020 година, и лани со тим во кој беа и Герет Бејл, Џорџо Кјелини и Карлос Вела го освоија МЛС купот. Тој има уште шест месеци од дооворот со Лос Анџелес.

Scroll to Top