Сагата околу трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг се ближи кон крајот, а Габонецот во наредните денови треба да се пресели на „Емирејтс“ во Лондон.
Дека Габонецот е блиску да потпише за Арсенал потврди и спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.
„Арсенал досега испрати неколку понуди, кои ние ги одбивме. Сега сме подговтвени да го реализираме трансферот под јасни услови“, рекол Цорк.
Арсен Венгер и Арсенал од почетокот на преодниот рок покажуваат интерес за Обамејанг, но ниту една понуда не ги задоволи апетитие во Дортмунд. Арсенал нудеше под 50 милиони фунти за напаѓачот, понуда која во Дортмунд експресно беше одбиена.
Најновите информации говорат дека воо Дортмунд ја прифатиле понудата која изнесува 60 милиони фунти.
Обамејанг не беше дел од тимот на Борусија од 16 декември минатата година, а во саботата ги одигра сите 90 минути против Фрајбург. Како стојат работите тој меч е неговиот последен во дресот на „милионерите“.
Габонецот е член на Борусија од 2013 година, тој за Борусија има одиграно 213 натпревари, на кои постигнал 141 гол.