Top Sport

Штербик: Бев на лекар кога ми се јавија да дојдам во Загреб

Шпанија синоќа во Загреб прв пат во својата историја се искачи на европскиот ракометен врв. Шпанците во финалето ја поразија Шведска 29:23 (12:14), а еден од најзаслужните беше голманот Арпад Штербик.

Играчот на Вардар, кој од 2008 година брани за Шпанија, беше прогласен за најдобриот игра на финалето, а неговата приказна е секако најубавото нешто од овој европски шампионат.

Штербик две години беше во репрезентативна пензија, а се активира во пресрет на полуфиналето кога Шпанците останаа без првиот голман Гонзало Перез де Варгас.

„Бев на лекар во Скопје, седев во чекалната. Беше околу 10:30 часот кога ми заѕвони телефонот. Ми рекоа дека сум им потребен и веќе во 14:30 часот бев во авионот. Дојдов за вечерата, малку се одморив и тоа е тоа“, изјавил Штербик за хрватските медиуми.

Штербик во Загреб стигна ден пред полуфиналето со Франција, натпревар во кој блесна со три одбранети седмерци, два од нив во првиот дел кога Шпанија ја градеше предноста.

Во финалето на голот застана во второто полувреме и на крајот имаше осум одбрани, од кои пет во првите десет минути кога Шпанците нефгативата од два гола ја претворија во плус четири.

„Одлично се чувствувам. Здрав сум, имам мотиви, ќе играм додека можам. Чудно еова, речиси сум стар како некои од тренерите. Еве, Динар е само две години постар од мене. Сепак се обидувам да им помогнам на помладите“, дополнил Штербик.

Штербик со Шпанија покрај европското има и светско злато во 2013 година, а исто така и сребро од СП во Шведска во 2011 и сребро од ЕП пред две години.

Scroll to Top