Top Sport

Фалкао е пред трансфер во Галатасарај

Колумбискиот фудбалер, Радамел Фалкао (33) го напушта Монако и се сели во Истанбул, во тимот на Галатасарај, пренесуваат турските медиуми.

Информациите се дека искусниот напаѓач ова лето изразил желба да го напушти француски Монако, а се поизвесно е дека ќе го засили турскиот тим кој ќе се натпреварува во Лигата на шампиони.

Фалкао со Монако има договор уште една година, а во клубот е од 2013 година, кога дојде од редовите на Атлетико Мадрид.

Две сезони беше на позајмица во Манчестер Јунајтед и во Челси, па во сезоната 2016/2017 со Монако ја освои титулата во Лига 1.

Колумбиецот минатата сезона постигна 16 гола за Монако и успеа да го спаси клубот од преселба во понизок ранг.

Scroll to Top