Top Sport

Мундобаскет: Австралија убедливо против Канада – фаворити, пазете се од „кенгурите“

Пред почетокот на Светското првенство во кошарка во Кина кое стартуваше вчера, Австралија и Канада се провлекуваа како фаворити од сенка. Жрепката ги смести во иста група, Х, заедно со Сенегал и силната Литванија.
Предмаку заврши нивниот меѓусебен дуел, со победа на Австралија со +16, 108-92.

Убедливата победа на „кенгурите“ е благодарение на одличната последна четвртина која Австралијците ја добија со 32-15.

Кај победничката селекција Делаведа постигна 24 поени, го следеа Гулдинг со 16 и Милс со 15 поени.

Кај Канада најпрецизен беше Кем Бирч со 18 поени.

Канаѓаните играа „во бранови“. Одиграа одлична трета четвртина, им дадоа на противниците дури 37 поени, но сето тоа го прокоцкаа во последниот период.

Австралија со победата направи важен исчекор во групата. Во 13.30 часот по средневропско време ќе започне дуелот меѓу Литванија и Сенегал, меч во кој европската селекција е голем фаворит за триумф.

На вториот ден од Мундобаскетот во Кина, во натпревар од групата Ф, Бразил го совлада Нов Зеланд со резултат 102-94. Во истата група, од 14 часот започнува дуелот меѓу Црна Гора и Грција.

Scroll to Top