Top Sport

Фалкао ќе му биде соиграч на Столе Димитриевски

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао (35) се врати во Мадрид. Фалкао кој во минатото го носеше дресот на Атлетико Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во Рајо Ваљекано.

Фалкао, во финишот на преодниот рок го раскина договорот со Галатасарај. Во Рајо Ваљекано пристигна како слободен играч.

„Фалкако е нов играч на Рајо Ваљекано. Добре дојде на Ваљекас“, објави клубот чии гол го брани македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски.

Радамел Фалкао европската кариера ја започна во 2009 година, кога од Ривер Плата пристигна во Порто. Потоа играше за Атлетико, Монако, Манчестер јунајтед и Челси.

Scroll to Top