Радамел Фалкао со гол од пенал во 79. минута од мечот им донесе на Галатасарај гостинска 3:1 победа кај Фенербахче на „Шукру Сарачоглу“ во ново жестоко „интерконтинентално“ турско дерби со многу жестина и три црвени картони.
Макс Крузе во 21. минута им донесе водство на Фенербахче со пенал, пред Рајан Донг да израмни во 40-тата минута пред бурното второ полувреме.
Тренерот на Фенер, Ерсун Јанал доби црвен картон за жестока реакција во 67. минута, а 12. минути подоцна, беше досуден пенал за Фенер, кој Колумбиецот Фалако сигурно го искористи за водство. Во 85. минута се случи најголемиот инцидент, кога мароканскиот фудбалер на Галата, Јунес Белханда го турна Дениз Туруч при излегувањето од теренот за да почне тепачка и двајата да добијат по црвен картон. На крајот во 97. минута триумфот го потврди Хенри Оњекуру.
Со победата, Галатасарај се искачува на второто место во Турската Суперлига со 45 поени, колку што има и првопласираниот Трабзонспор и третопласираниот Сиваспор во интересна ситуација на врвот на табелата, додека Фенер се шести со 38 поени.